Дописници МКДОпштински вести

Градежни активности во неколку училишта во Тетово во текот на распустот

Во текот на распустот има изведување на градежни активности во неколку училишта во Тетово со цел да се подобрат условите за работа во новата учебна година. Од секторот за јавни дејности велат дека покрај инфраструктурата се прави обид да се подобрат услови и во квалитетот на наставните средства.

Тетово, 20 јули 2019 (МИА) – Во текот на распустот има изведување на градежни активности во неколку училишта во Тетово со цел да се подобрат условите за работа во новата учебна година. Од секторот за јавни дејности велат дека покрај инфраструктурата се прави обид да се подобрат услови и во квалитетот на наставните средства.

-Од поголемите зафати може да се издвојат уредување на училниците во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ со цел да се добијат доволно простории за да има изведување на настава само во една смена. Во основното училиште во Вејце комплетно е променет покривот. Фасади се менуваат во училиштата „Лирија“, „Андреа Савевски-Ќиќиш“, „Истигбал“ и „Братство-Миѓени“, изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности при општина Тетово.

Во сите училишта се прават и редовните бојадисувања и чистење на просториите. Таму каде што нема потреба од инфраструктурни подобрувања се прави обид да се унапреди состојбата со нагледните средства во наставата.

Фокусирани сме на дигитализацијата во наставата како современ метод на спроведување на часовите, рече Ќазими.

Во трите уписни рокови во јуни во средните училишта во Тетово се запишани 1315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски наставен јазик.ас/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close