0_Спорт.ПорталФудбал

Гласини за оставка на Тите пред финалето на Копа Америка го потресе Бразил

Гласините се појавија пред финалето на Копа Америка во кое домаќинот Бразил игра против Перу и е фаворит за трофејот.

Рио де Жанеиро, 5 јули 2019 (МИА) – Бразилската фудбалска федерација ја демантираше веста дека националниот тренер Тите ќе ја напушти функцијата после Копа Америка.

Гласините се појавија пред финалето на Копа Америка во кое домаќинот Бразил игра против Перу и е фаворит за трофејот.

Федерацијата целосно ги отфрла информациите, за кои како е извор беше посочено блиското опкружувањена Тите.

Педесет и осум-годишниот стратег стана тренер на Бразил во јуни 2016 година. Досега, тимот под негово водство одигра 41 натпревар и победи во 33 од нив. Договорот на Тите е до 2022 година.вз

Таг
Back to top button
Close