0_Спорт.ПорталОстанато

Фетел за слабите квалификации пред ГП на Велика Британија: Барем влегов во третата фаза

Германецот беше на седум десетинки од победникот Валтери Ботас и шест од тимскиот колега - Шарл Лекелер, кој ќе тргне од третото место и тоа го става во многу тешка позиција денес.

Силверстоун, 14 јули 2019 (МИА) – Себастијан Фетел немаше конкретно објаснување за слабите квалификации вчера на „Силверстоун“, каде што остана само шести.

Германецот беше на седум десетинки од победникот Валтери Ботас и шест од тимскиот колега – Шарл Лекелер, кој ќе тргне од третото место и тоа го става во многу тешка позиција денес.

– Па, барем влегов во третата фаза, се пошегува Фетел, иако воопшто не беше весел.

Тој тврди дека немал брзина во својот болид.

– Обично во третиот квалификациски дел треба да си најбрз, додека јас бев на ниво на првиот. Чудно е, но јас едноставно не го почувствував автомобилот. Не знам зошто се случи ова. Шарл заврши добра работа, и тој едноставно имаше предност во сè. На крајот, сепак, се може да се случи во трката. Мерцедес се брзи, но нашата брзина во долгите серии е исто така ниво. Очекуваме сериозна борба со Ред Бул, изјави Фетел.

Сепак она што се случи беше уште едно разочарување за четирикратниот светски шампион, кој се уште е под голем притисок, а многу фанови на „скудерија“ не се задоволни од неговите настапи оваа сезона.вз

Таг
Back to top button
Close