ЕвропаЕвропа.Портал

ЕК ја тужи Унгарија поради мигрантите

Европската комисија соопшти денеска дека одлучила да ја тужи Унгарија пред Европскиот суд на правдата поради законите кои ги криминализираат активностите за поддршка на барателите на азил и дополнително го ограничуваат правото на барање азил.

Брисел, 25 јули 2019 (МИА) – Европската комисија соопшти денеска дека одлучила да ја тужи Унгарија пред Европскиот суд на правдата поради законите кои ги криминализираат активностите за поддршка на барателите на азил и дополнително го ограничуваат правото на барање азил.

ЕК нагласи дека испратила и официјално писмо за условите во транзитните зони, односно објектите кои се наоѓаат на границата со Србија, во кои барателите на азил мораат да останат и во кои нивните барања се офрлаат, а се опишуваат како „притвор под директива на ЕУ за враќање“.

Процесот против Унгарија почна во јули 2018 година, кога ЕК, откако таа земја усвои сет-закони, наречен „Стоп Сорос“, и испрати на Унгарија официјално писмо, што е прв чекор во прекршочната постапка. гт/

Таг
Back to top button
Close