0_Магазин.ПорталЗанимливости

Еден од првите модели на патики „Најк” продаден за речиси 440.000долари

Еден од првите чифтови „Најк"-маратонки од линијата „Moon Shoe" беше продаден за рекордни 437.500 долари на интернет-аукција на „Сотби".

Њујорк, 24 јули 2019 (МИА) – Еден од првите чифтови „Најк”, патики од линијата „Moon Shoe”, е продаден за рекордни 437.500 долари на интернет-аукција на „Сотби”.

Патиките биле наменети за американските атлетичари, кои се подготвувале за Олимпијадата 1972 година. Од тој модел се произведени 12 чифта. Тој што бил ставен на наддавањето е единствениот што никогаш не бил обуен.

Првичната проценка се движеше меѓу 110.000 и 160.000 долари.

Претходниот рекорд – од 190.372 долари беше регистриран во 2017 година за патиките „Конверс фастбрејк”, носени од кошаркарската легенда Мајкл Џордан на финалето на Олимписките игри во 1984. Чифтот „Moon Shoe” го купи 61-годишниот канадски бизнисмен Мајлс Надал, кој има намера да го изложи во приватниот свој музеј во Торонто. си/сд/

Таг
Back to top button
Close