0_Магазин.ПорталСцена

Двојник на Вин Дизел доживеа тежок инцидент

Во компанијата Ворнер Брос во Ливсден во Велика Британија, при снимањето на филма „Брзи и бесни 9", се случи несреќа во којашто каскадер Џо Вотс падна од скоро 10 метри висина.

Лос Анџелес, 24 јули 2019 (МИА) – Во компанијата Ворнер Брос во Ливсден во Велика Британија, при снимањето на филма „Брзи и бесни 9″, се случи несреќа во која каскадерот Џо Вотс падна од речиси 10 метри височина.

Џо Вотс бил двојник на главниот актер Вин Дизел. Снимањето на филмот е привремено запрено. Дизел кој бил сведок на сè тоа, речиси се расплакал на сцената.

Според западните медиуми, повредениот Вотс веднаш е пренесен в болница, а неговата состојба е неизвесна. Неговата свршеница Тили Пауел напиша на Фејсбук дека Вотс е во кома, но оти неговата здравствена состојба сега е стабилна.

Вотс бил каскадер во многубројни филмски хитови како „Спајдермен” и „Војна на ѕвездите”. си/сд/

Таг
Back to top button
Close