0_Магазин.ПорталПатувања

Дубаи воведе бесплатна дозвола за купување алкохол

Дубаи воведува 30-дневна бесплатна дозвола за купување алкохол, за туристите. Посетителите на емиратот ќе можат да го добијат документот во секој објект на компанијата што ја врши продажбата на алкохол на мало.

Дубаи, 12 јули 2019 (МИА) – Дубаи воведува 30-дневна бесплатна дозвола за купување алкохол, за туристите. Посетителите на емиратот ќе можат да го добијат документот во секој објект на компанијата што ја врши продажбата на алкохол на мало.

При барањето на дозволата, странците треба да пополнат формулар со што потврдуваат дека се туристи. Службениците притоа прават копија на пасошот, како и на страницата со печатот за влез во Дубаи.

Туристите со тоа ќе добијат и листа на правилата за јавно поведение во државата. Досега дубајските власти издаваа ваква дозвола само за странци со двегодишен постојан престој во емиратот. си/сд/

Таг
Back to top button
Close