Политички партии

ДОМ: Колку каменоломи може да издржи Јабланица?

ДОМ го поддржува протестот на жителите од Лабуништа против големиот број каменоломисо кои е опкружено нивното место, а што им го прави животот крајно нездрав и неподнослив. Бараме Државниот инспекторат за животна средина ИТНО да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ2,5 честички, како и загадувањето на водите и почвата.

20 јули 2019

ДОМ го поддржува протестот на жителите од Лабуништа против големиот број каменоломи со кои е опкружено нивното место, а што им го прави животот крајно нездрав и неподнослив. Бараме Државниот инспекторат за животна средина ИТНО да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ2,5 честички, како и загадувањето на водите и почвата.

Дополнително, треба да се изготви Стратешка оценка за влијанието врз животната срединана сите тие каменоломи на падините на планинскиот масив Јабланица.Според сегашните сознанија, се работи за вкупно 6 каменоломи, од кои четири имаат издадени Б-интегрирани дозволи, а другите се во фаза на добивање. Жителите на местата Лабуништа, Боровец и Јабланица, со над 15.000 жители, бараат да запре одобрувањето на нови концесии, а старите да се преиспитаат.

Според нивните искази, живеат буквално затрупани во прашина и бучава, а болестите на дишните патишта се масовна појава. Како зелена партија, ДОМ укажува дека планинскиот масив Јабланицае еден од најубавите на Балканот иделовите што се наоѓаат во Албанија и Грција се веќе прогласени за национални паркови, додека во Македонија е отпочната иницијатива за прогласување за национален парк. Јабланица има извонредни природни вредности, меѓу кои е и богатиот биодиверзитет, со рисот како загрозен вид. Целиот предел околу Јабланица има извонредни можности за развој на екотуризмоти обезбедување одржлив економски развој за жителите, по примерот на Вевчани, кое веќе израсна во туристичка дестинации за домашни и странски туристи.

Сектор за односи со јавност

Демократска обнова на Македонија

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close