Општински вестиСкопје

Делови од Центар, Илинден, Петровец и Карпош утре без струја

Од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе останат дел од корисниците од булеварот „11 Октомври“ кулите број 12, 14 и 16 и објектите во близина на Зелениот пазар. 

Скопје, 22 јули 2019 (МИА) – Од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе останат дел од корисниците од булеварот „11 Октомври“ кулите број 12, 14 и 16 и објектите во близина на Зелениот пазар.

Во периодот од 8:20 до 9 часот и од 13 до 13:30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од мралински мост во селото Мралино, ТС Мралински Мост 1 и 2 во Општина Илинден, улицата „1“ во Јурумлери, ТС Млекара Битола, ТС Жито Алтан, ТС Викенд населба Наово, ТС Дрма 4 и ТС Монопласт во Општина Петровец.

Без струја утре од 9 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Хашка“, „Јоаким Осоговски“, „Осло“, „Женевска“, „Будимпештанска“, „Урош Џудовиќ“, „Бањалучка“, „Љубица Георгиева“, „Московска“, а од 9 до 11 часот корисницитге на улицата „Дамаска“ во Општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа во Град Скопје. мд/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close