Дописници МКДОпштински вести

Делата од Детската летна академија ќе бидат изложени на „Струмица опен фестивал“

Локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, во рамките на програмата „БиблиоБум“, организираше летна уметничка академија за деца, којa им овозможи на младите слободно да ја изразат својата креативност и истовремено да ги развијат своите уметнички вештини.

Струмица, 26 јули 2019 (МИА) – Локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, во рамките на програмата „БиблиоБум“, организираше летна уметничка академија за деца, којa им овозможи на младите слободно да ја изразат својата креативност и истовремено да ги развијат своите уметнички вештини.

Летната уметничка академија ја водеше реномираниот уметник и професор по ликовна уметност, Митко Тошев од Струмица.

Создадените дела ќе бидат изложени на 29 јули во рамки на програмата на „Струмица опен фестивал“.
„БиблиоБум“ програмата е реализирана од „СмартАп-Лабораторија за социјални иновации“, а е поддржана од Американската амбасада во Скопје и НУБ „Климент Охридски“-Скопје. рт/ир

Таг
Back to top button
Close