Дописници МКДОпштински вести

Дел од улицата „Дервиш Цара“ во Тетово ќе биде затворена за сообраќај поради манифестацијата „Улица на чадорите“

Манифестација „Улица на чадорите“ почнува вечер во Тетово. Поради одржувањето на манифестацијата дел од улицата „Дервиш Цара“ (поранешна „ЈНА“) од денеска до четврток да биде затворена за сообраќај од 20 до 24 часот. 

Тетово, 22 јули 2019 (МИА) – Манифестација „Улица на чадорите“ почнува вечер во Тетово. Поради одржувањето на манифестацијата дел од улицата „Дервиш Цара“ (поранешна „ЈНА“) од денеска до четврток да биде затворена за сообраќај од 20 часот до полноќ.

„Улицата на чадорите“ е дел од Лето на тетовската култура, што се одржува во градот од 4 јули до 1 август со настапи на музичари, ди-џеи и стенд-ап комичари.

– Во првиот ден на „Улица на чадорите“ настапуваат Албулена Јашари & Бенд како и група „Објектив“ и ди-џеј Јанг Би. Вториот ден ќе биде за Шпенд Хусај & Бенд, групата „Печурки“ и стенд-ап комичарот Сопи и ди-џеите Самир и Ник МС. Третата вечер е за Оркестра бенд, Вулент Незири и Арбер Тахири, стенд-ап настап на Бурхан Амити и ди-џеј Иса, соопштија од општина Тетово. ас/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close