Дописници МКДОпштински вести

Децата од Крива Паланка навреме да се пријават за престој во градинка

Родителите на дечиња од предучилишна возраст кои имаат потреба да ги користат услугите на општинската јавна установа детска градинка „Детелинка", навреме да ги пријават и запишат дечињата со цел подобри организациони услови за формирање на групите и распоред на кадарот, информираат од ОЈУДГ „Детелинка".

Крива Паланка, 31 јули 2019 ( МИА) – Родителите на дечиња од предучилишна возраст кои имаат потреба да ги користат услугите на општинската јавна установа детска градинка „Детелинка”, навреме да ги пријават и запишат дечињата со цел подобри организациони услови за формирање на групите и распоред на кадарот, информираат од ОЈУДГ „Детелинка”.

Пријава и упис на дечињата ќе се врши најдоцна до 20 август 2019 година.

– Родителите на дечиња можат да го пријават и запишат своето дете и да изберат една од програмите по кои детето ќе престојува во установата: јасли, градинка од две до пет години, целодневен престој или полудневен престој на голема група деца од пет и шест години, изјави директорката на ОЈУДГ „Детелинка”, Мирка Јакимовска.

Пријавите за упис можат да се подигнат во објектите на градинката на улица „Св.Јоаким Осоговски-„Пролетна Роса”, во централниот објект на ул.Илинденска – „Поточиња” и во објектот „Виножито” во Осичка маала.

– Со доставување пријава за упис на детето, истото ќе биде ставено на список и според потребите на родителите ќе биде распоредено во група и објект каде ќе престојува, за да од први септември годинава веќе започнеме со негово прифаќање. Секое запишување на децата по овој период ќе биде во зависност од слободните места, каде ќе има и листа на чекање,за чие одлучување ќе решава комисијата за прием на деца,во зависност од тоа колку места ќе бидат слободни. Поради тоа ги известуваме родителите навремено да ги запишат дечињата, додаде Јакимовска.

Од претстојната учебна година ,2019/2020 во „Детелинка” има можност за прифаќање на деца од училишна возраст од седум до 10 години, во објектот „Пролетна роса“, на главната улица. Децата што ќе престојуваат ќе имаат услови за примање два оброка, ќе ги исполнуваат своите домашни задачи, ќе се дружат и играат под надзор на стручен кадар.

-Учениците од ООУ„Јоаким Крчовски“ ќе имаат организиран,бесплатен, превоз до градинката и од градинка до училиште, а учениците од ООУ „Илинден “, ќе бидат спроведувани во придружба на вработен од установата.Родителите кои имаат потреба од ваква услуга се замолуваат пријавувањето на своите деца да го направат до утре, нагласи Јакимовска.иб/ир

Таг
Back to top button
Close