0_Спорт.ПорталФудбал

Де Лихт откри зошто го избрал Јувентус

Централниот дефанзивец зборуваше пред клупската телевизија, објаснувајќи го својот избор.

Торино, 18 јули 2019 (МИА) – Матаис де Лихт веќе официјално е фудбалер на Јувентус, откако „бјанконерите“ се бореа цврсто за потписот на Холанѓанецот.

Централниот дефанзивец зборуваше пред клупската телевизија, објаснувајќи го својот избор.

– Се восхитуваам на тоа како играат во одбрана Италијанците. Донесов одлука врз основа на тоа. Многу од моите идоли се Италијанци: Барези, Малдини, Неста, Канаваро …Одлуката беше тешка. Имав многу опции, и мора секогаш да одлучам која е најдобрата за мене. Многу фактори влијаат на тоа. Важно е да знам колку ќе играм, каква доверба има клубот во мене. Јувентус ми кажа дека ме сакаат силно, рече талентираниот дефанзивец.

Тој потоа упати порака до својот поранешен клуб.

– Во Ајакс поминав 10 години во училиштето и три во првиот тим. За мене е емотивно да заминам. Доживеав убави и тажни моменти. Ќе ми недостасуваат сите во Амстердам, но сега морам да направам чекор напред, рече 19-годишниот Де Лихт.вз

Таг
Back to top button
Close