0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Дамјан Стојановски останува во МЗТ

Бек шутерот е дел од екипата од 2012 година, освојувајќи пет шампионски титули и шест пехари во Купот на Македонија, откако не беше дел од клубот само во сезоната 2016/17, која ја пропушти во целост поради тешката повреда претрпена во дресот на македонската репрезентација.

Скопје, 17 јули 2019 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе настапува за МЗТ Скопје, со оглед на двегодишниот договор кој лани го потпиша со тимот од Аеродром, соопштија од клубот.

Бек шутерот е дел од екипата од 2012 година, освојувајќи пет шампионски титули и шест пехари во Купот на Македонија, откако не беше дел од клубот само во сезоната 2016/17, која ја пропушти во целост поради тешката повреда претрпена во дресот на македонската репрезентација.

Стојановски беше прогласен за најкорисен играч на финалето од плејофот минатата сезона.

Капитенот на МЗТ минатата сезона во АБА2-лигата на 27 средби имаше просек од 8,9 поени и 3,4 скока како втор најдобар тројкаш (45/117) и најдобар изведувач на слободни фрлања (36/41) додека во домашното првенство на 34 натпревари просечно реализираше по 12,5 поени и 5,4 скока со најмногу постигнати тројки (64) и како втор најдобар во тимот според бројот на украдени топки (1,5 по меч).вз

Таг
Back to top button
Close