ЕвропаЕвропа.Портал

„Црните елеци“ во Париз бараат дозвола за престој

Полицијата во Париз отстрани десетици луѓе кои го опколија познатиот Пантеон, барајќи да добијат дозволи за престој.

Париз, 12 јули 2019 (МИА) – Полицијата во Париз отстрани десетици луѓе кои го опколија познатиот Пантеон, барајќи да добијат дозволи за престој.

Демонстрантите, кои илегално живеат во Франција, бараат состанок со премиерот Едуард Филип.

Некои од нив на Фејсбук се нарекуваат „црни елеци“, а еден во видео снимка побара власта да ги регулира нивните документи за да имаат исти права како Французите. паг/

Таг
Back to top button
Close