0_Магазин.ПорталЗанимливости

Човек скокнал во Водопадите на Нијагара и преживеал

Човек намерно се фрлил во Водопадите на Нијагара, од 50 метри височина, а потоа бил пронајден жив и здрав, соопшти канадската вчера полиција

Отава, 11 јули 2019 (МИА) – Човек намерно се фрлил во Водопадите на Нијагара, од 50 метри височина, а потоа бил пронајден жив и здрав, соопшти вчера канадската полиција.

Полицијата примила повик и интервенирала завчера во четири часот наутро, по дојава дека човек се бори со водите на водопадите.

Човекот има полесни повреди и е префрлен в болница, а засега не се знае причината на таквиот негов потег. си/гт/

Таг
Back to top button
Close