Svet.SlajderСветСвет.Портал

Четворица загинати, повеќемина затрупани при уривање на зграда во Мумбај

Зграда од четири ката се урна денеска во индискиот финансиски центар Мумбај, при што најмалку четири лица загинаа, а десетици се затрупани под урнатините, изјави припадник на пожарникарската служба.

Мумбај, 16 јули 2019 (МИА) – Зграда од четири ката се урна денеска во индискиот финансиски центар Мумбај, при што најмалку четири лица загинаа, а десетици се затрупани под урнатините, изјави припадник на пожарникарската служба.

– Не знаеме точно колку луѓе се блокирани, но според информациите од соседите, сметаме дека веројатно станува збор за повеќе од 30, истакна истиот извор, додавајќи дека тесните улици во тоа подрачје ги оневозможуваат спасувачките операции.

Ова е втор таков случај на просторот на повеќемилионскиот Мумбај за помалку од десет дена.

Поројните монсунски дождови често се опасност за старите или лошо изградени објекти. гт/

Таг
Back to top button
Close