Општински вестиСкопје

Без вода дел од Тафталиџе

Прекин во водоснабдувањето денеска од 11 часот имаат дел од корисниците кои живеат на улицата „Прашка“ од број 20 до 68 во скопската населба Тафталиџе. 

Скопје, 13 јули 2019 (МИА) – Прекин во водоснабдувањето денеска од 11 часот имаат дел од корисниците кои живеат на улицата „Прашка“ од број 20 до 68 во скопската населба Тафталиџе.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „Прашка“ 28. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. мд/рп/

Back to top button
Close