Општински вестиСкопје

Без вода дел од корисниците во Визбегово, Шуто Оризари и Даме Груев

Без вода денеска од 10:45 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улица „Бутелски Венец“ и дел од улиците „Виничка“ и број 3 во Визбегово.

Скопје, 10 јули 2019 (МИА) – Без вода денеска од 10:45 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улица „Бутелски Венец“ и дел од улиците „Виничка“ и број 3 во Визбегово.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот е поради дефект на затварач Ф 80 м.м. на улица „Бутелски Венец“ 34.

Без вода од 11:10 часот до завршување на работите ќе бидат и корисниците улиците „Бертланд Расел“, „Пекљане“, „Моцартова“ и со намален притисок можно е да остане населбата Даме Груев.

Прекинот е поради дефејт на затварач Ф 100м.м. на улица „Бертланд Расел“ 62.

Поради изведување на водоводен приклучок  Ф 80 м.м. на улица 1513 бб во Пинтија со прекинато водоснабдување денеска од 11:10 часот до завршување на дефектотр ќе бидат корисниците од улица 1513 во населба Пинтија. аа/са/

Таг
Back to top button
Close