0_Спорт.ПорталФудбал

Азар: Лигата на шампионите е задолжителна цел за Реал

Според него, Премиер лигата и Ла Лига се фундаментално различни, но смета дека неговото искуство ќе му помогне побрзо да се адаптира

Мадрид, 20 јули 2019 (МИА) – Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар е свесен за тоа колку претенциозни се навивачи на „кралскиот“ клуб. Белгискиот репрезентативец изјави дека е амбициозен да ја освои Лигата на шампионите во дебитантската сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

– Кога играте во Реал, мора да победувате цело време. Ако тимот не ја освои Лигата на Шампионите, навивачите се лути, но во таков клуб тоа е сосема нормално. Јас сум тука за таа цел – да победувам. Во Англија собрав многу искуство. Пристигнав во Челзи пред 7 години, кога бев уште дете. Сега сум позрел. Имам над 500 натпревари зад мене. Иако имам 28 години, јас се сметам за млад, вели белгискиот репрезентативец.

Според него, Премиер лигата и Ла Лига се фундаментално различни, но смета дека неговото искуство ќе му помогне побрзо да се адаптира. вз

Таг
Back to top button
Close