Дописници МКДОпштински вести

Асфалтирана улицата „1 Мај“, во Гевгелија

Летната акција за подобрување на локалната патна мрежа во Гевгелија заврши со асфалтирањето на улицата ,,1 Мај,, и паркинг просторот кај Градските гробишта, соопштија денеска од надлежната општинска служба од каде информираа дека механизацијата веќе е преселена во Миравци каде ќе се асфалтира улицата, која води од центарот до училиштето и детската градинка.

Гевгелија,18 јули 2019(МИА) – Летната акција за подобрување на локалната патна мрежа во Гевгелија заврши со асфалтирањето на улицата ,,1 Мај,, и паркинг просторот кај Градските гробишта, соопштија денеска од надлежната општинска служба од каде информираа дека механизацијата веќе е преселена во Миравци каде ќе се асфалтира улицата, која води од центарот до училиштето и детската градинка.

–По завршување на акцијата за проширување на локалната патна мрежа, веднаш ќе ги започниме активностите за подобрување на општинската инфраструктура, поточно на водоводната и канализациската мрежа со средства од грантот што ни го одобри Светската банка, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Тој нагласи дека населбата Караорман ќе добие водоводна мрежа поврзана со новиот водоснабдителен систем и препумпна станица која општина Гевгелија ќе ја гради со сопствени средства.

Паралелно со ова, во тек е доизградбата и на регионалниот пат Прдејци-Смоквица кој на локалните жители од овој дел на општината ќе им овозможи непречено и бесплатно движење покрај патарината на автопатната делница од Смоквица до Гевгелија. им/ир

Таг
Back to top button
Close