0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитички партии

Арсовски: Го анализираме законот, прифатливо припојување на СЈО во јавното обвинителство

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе изнесе конкретни забелешки за новиот закон за јавно обвинителство што го предложи вчера премиерот Зоран Заев откако ќе го анализира, а прифатливо е, како што рече денеска партискиот портпарол Димче Арсовски, спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство

Скопје, 20 јули 2019 (МИА) – Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе изнесе конкретни забелешки за новиот закон за јавно обвинителство што го предложи вчера премиерот Зоран Заев откако ќе го анализира, а прифатливо е, како што рече денеска партискиот портпарол Димче Арсовски, спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство.
– Со спојувањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Јавното обвинителство односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето, тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш штом ќе биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Во однос на предлогот шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска да го раководи новото обвинителство, Арсовски истакна дека тоа е лична желба на премиерот Заев која за нив е далеку од прифатлива.
Како што посочи, рано е да се разговара кој е прифатлив за такво нешто, а додека да стаса во Собранието новиот Предлог закон, тие ќе се фокусираат на нивниот предлог закон што планираат да го поднесат до Собранието, како и на настојување за разговор за датум за предвремени парламентарни избори коишто сметаат дека сега се повеќе потребни од кога било претходно.

-До моментот додека не излеземе со конечна анализа односно  негативни забелешки, позитивни страни на нивниот закон,  остануваме фокусирани на изработка односно дефинирање на нашиот. Во моментот кога ќе излеземе со забелешките и негативностите, бидејќи само што почна да се анализира, ќе видиме колку е спротивен, колку е различен,а колку е ист тој закон кој што го има предложено Зоран Заев со нашите ставови, за веднаш потоа да излеземе да понудиме не конечно решение, меѓутоа прилично прифатлив за сите политички партии, а со цел за директен бенефит на граѓаните и да има неселективна правда во Република Македонија, рече Арсовски.

Како што рече, вчерашната средба  на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со лидерот на БЕСА Билал Касами, е една од редовните на кои се разговараат реалните проблеми, но, како што нагласи, не треба да зачуди доколку и во наредниот период се случат и други такви средби. лв/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close