0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Aрсенал со нова понуда за Заха

Кристал палас ја одби првата понуда од 60 милиони фунти на „топџиите“, но овој пат понудата е зголемена на 65 милиони фунти и едногодишно позајмување на Реис Нелсон.

Лондон, 22 јули 2019 (МИА) – Арсенал не се откажува од фудбалерот Вилфрид Заха, му испратија нова понуда на неговиот клуб Кристал палас.

Кристал палас ја одби првата понуда од 60 милиони фунти на „топџиите“, но овој пат понудата е зголемена на 65 милиони фунти и едногодишно позајмување на Реис Нелсон.

Во овој летен преоден рек Кристал палас веќе заработи 55 милиони фунти од продажбата на Арон Ван-Бисака кај Манчестер јунајтед, но кога станува збор за Заха, него не сакаат да го пуштат за износ помал од 80 милиони фунти.

Статистиките за ефикасноста на овој 26-годишен играч говорат дека тој минатата сезона настапил на 36 натпревари, на кои постигнал 10 голови. ем/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close