0_Спорт.ПорталФудбал

Aрсенал се договори со Гремио за трансферот на Евертон Соарес

Англискиот гигант Арсенал ги договорил условите за купување на напаѓачот на бразилскиот Греми, Евертон Соарес.

Лондон, 16 јули 2019 (МИА) – Англискиот гигант Арсенал ги договорил условите за купување на напаѓачот на бразилскиот Греми, Евертон Соарес.

Како што известува јужноамериканскиот „Фокс“, Арсенал и Гремио постигнале договор вреден 40 милиони евра, од кои 28 милиони ќе бидат платени во кеш, а 12 во вид на бонуси, но не се даваат детали за договорот на Евертон.

Истиот извод додава дека лекарите на Арсенал отпатувале за Бразил за да извршат преглед на здравствената состојба на 23-годишниот напаѓач, а по извршувањето на прегледот се очекува и потпишувањето на договорот.

Бразилецот имаше одличен настап на годинешното издание на Копа Америка, каде освен што и помогна во голем дел на својата репрезентација да го освои првенството, истиот беше прогласен и најдобар стрелец на Копа. ем/сд/

Back to top button
Close