0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Алжир е новиот фудбалски владетел на Африка

Во херој за Алжир се претвори Багдад Бунеџа, кој го постигна единствениот погодок во натпреварот.

Каиро, 20 јули 2019 (МИА) – Алжир го освои Африканскиот куп на нации по втор пат во својата историја!

Триумфот дојде по минимален успех од 0:1 над Сенегал во големото финале, одиграно во Каиро, Египет.

Во херој за Алжир се претвори Багдад Бунеџа, кој го постигна единствениот погодок во натпреварот.

Така, Алжир повторно стапна на врвот на африканскиот континент, откако го стори тоа во далечната 1990 година, а Сенегал мораше да го прифати својот втор пораз во финалето на турнирот.вз

Таг
Back to top button
Close