0_Спорт.ПорталФудбал

Алаба на мета на Каталонците

Барселона сака да го има Давид Алаба од Баерн Минхен во својата линија на одбрана, пишува каталонскиот весник „Мундо депортиво“.

Барселона, 19 јули 2019 (МИА) – Барселона сака да го има Давид Алаба од Баерн Минхен во својата линија на одбрана, пишува каталонскиот весник „Мундо депортиво“.

Шампионите на Шпанија сакаат австрискиот репрезентативец да обезбеди конкуренција за Жорди Алба, но по се изгледа и Алаба е согласен за трансферот.

Германските шампиони потпишаа договор со Лукас Хернандес за 80 милиони евра за трансфер од Атлетико, така што Алаба веќе нема сигурно место во првата постава.

Инаку, Алаба минатата сезона настапи 31 пат во Бундес лигата, а постигна три гола. ем/гт/

Back to top button
Close