СветСвет.Портал

Ал Шабаб нападна хотел во Сомалија

Исламистичката група Ал Шабаб денеска изврши напад со автомобил бомба во сомалискиот град Кисмај, соопшти сомалиската полиција, наведувајќи дека е можно да има голем број загинати лица

Могадишу, 21 јули 2019 (МИА) – Исламистичката група Ал Шабаб денеска изврши напад со автомобил бомба во сомалискиот град Кисмај, соопшти сомалиската полиција, наведувајќи дека е можно да има голем број загинати лица.

Нападот е изведен во еден хотел за време на состанок на сомалиските регионални претставници, кои дискутираа за претстојните локални избори.

По активирањето на автомобилот бомба уследила престрелка, која според сомалиската полиција траела час и половина.

Ал Шабаб соопшти дека негови припадници по бомбашкиот напад успеале да го заземат хотелот. Портпаролот на терористичката група изјави дека во хотелот има голем број загинати луѓе, меѓу кои и еден белец. ми/

Таг
Back to top button
Close