0_Спорт.ПорталФудбал

Ајакс најде замена за Де Лигт

Едсон Алварез е новиот член на холандскиот Ајакс, кој ќе го замени Матис Де Лигт на позицијата бек.

Амстердам, 19 јули 2019 (МИА) – Едсон Алварез е новиот член на холандскиот Ајакс, кој ќе го замени Матис Де Лигт на позицијата бек.

Медиумите во Холандија пишуваат дека Алварез е на пат за Амстердам каде што треба ги направи лекарските прегледи, по што станува и официјално член на Ајакс.

Мексиканецот досега играше во клубот Америка, а освен позицијата десен бек, Алварез може да ја покрие и средината на теренот.

Како што изјавија од Ајакс, нивниот нов член ќе потпише петгодишен договор, а во наредните денови ќе биде организирано и официјално претставување на играчот. ем/гт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close