Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Скопје, 27 јуни 2019 (МИА) – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 25 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а во петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.

Back to top button
Close