Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло.

Скопје, 13 јуни 2019 (МИА) – Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

И во сабота ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени. Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close