БалканБалкан.Портал

Владата на Романија преживеа гласање за недоверба

Букурешт, 18 јуни 2019 (МИА) – Романскиот Парламент отфрли денеска во гласање недоверба за владата на премиерката Виорика Данчила поднесено од неколку опозициски партии.

„За“ недоверба на владата гласаа 200 пратеници, а беа потребни 233. Седуммина народни избраници гласаа „против“ и тројца беа „воздржани“.

-Гласањето за недоверба не ги собра потребните гласови, за да биде прифатено, изјави претседателот на парламентот Марчел Чолаку од владејачката Социјалистичка партија.

Back to top button
Close