Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп случајно откри детали од договор за мексиканските мигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп случајно откри детали за договор за имиграција со Мексико, додека ги држел во рака хартиите на кои биле детали од договорот.

Вашингтон, 12 јуни 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп случајно откри детали за договор за имиграција со Мексико, додека ги држел во рака хартиите на кои биле детали од договорот.

Претходно, тој одби да ги открие плановите за новинарите, наведувајќи дека тие се тајна, јави Би-Би-Си.

Фото-репортери ги фотографирале хартиите со потпишаниот договор, ги зголемиле добиените фотографии и на тој начин ги откриле деталите на договорот.

Во договорот се наведува дека Мексико ќе биде означен како трета земја и дека Мексико се обврзува веднаш да ги преиспита своите закони за да може да стане трета земја.
Планот, меѓу другото, содржи делови од регионалниот план за азил во кој ќе бидат вклучени неколку јужноамерикански земји кои прифаќаат мигранти.

Back to top button
Close