0_Магазин.ПорталДом

Шумска куќичка во облик на спирала

Во шума во Шпанија, се наоѓа т.н. „дрвена Фибоначи куќичка“, со облик на „Фибоначи златната логаритамска спирала" која често се среќава, како во математиката и информатиката, така и во природата, а му овозможува на одреден организам (на пример, полжавот) да расте без промени во својот облик

Мадрид, 11 јуни 2019 (МИА) – Во шума во Шпанија, се наоѓа т.н. „дрвена Фибоначи куќичка“, со облик на „Фибоначи златната логаритамска спирала” која често се среќава, како во математиката и информатиката, така и во природата, а му овозможува на одреден организам (на пример, полжавот) да расте без промени во својот облик.

Концептот беше и инспирација за овој проект на компанијата Блу Форест. Куќата која по малку и личи на куќичка на полжав, нуди природно засолниште во релативно ладната шума. Има најсовремена кујна, голема тераса, стаклени прозори и лизгачка врата.

Обложена е со ленти од дрвото ариш и има рачно изработена фасада со бакарни и рустични детаљи.

Шумските патеки водат кон неколку мостови, заради истражување на шпанската дива природа. си/

Таг
Back to top button
Close