Дописници МКД

Се градат нови водоводни линии во руралните подрачја во Берово

Во беровското село Смојмирово во должина од 400 метри се гради нова водоводна линија. Активностите се реализираат како дел од годишниот план за работа на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово, од каде информираат дека средствата за реализација на оваа активност се обезбедени од самото претпријатие.

Берово, 13 јуни 2019 (МИА) – Во беровското село Смојмирово во должина од 400 метри се гради нова водоводна линија. Активностите се реализираат како дел од годишниот план за работа на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово, од каде информираат дека средствата за реализација на оваа активност се обезбедени од самото претпријатие.
-Како дел од константната грижа за подобрување на комуналните услуги на граѓаните, ние како ЈПКР „Услуга“ во соработка со општина Берово, во селото Смојмирово извршивме замена на старата и дотраена водоводна мрежа, со нова водоводна линија. Со реконструкцијата на водоводната линија во ова населено место, ќе бидат заменети и корисничките приклучоци, со што целосно ќе овозможиме подобрување на нашите услуги за овие корисници, велат од ЈПКР „Услуга“.
Додаваат дека освен во село Смојмирово, слични активности се реализираат и во село Русиново. Таму исто така со средства обезбедени од претпријатието, се изведуваат градежни активности во должина од 500 метри.
Очекувањата на општината и претпријатието се со овие активности да се намалат досегашните загуби, предизвикани од дотраеноста на постоечките линии. вс/скс/

Back to top button
Close