0_Спорт.ПорталФудбал

Погба сака во Јувентус поради Кристијано Роналдо

До пред неколку недели се веруваше дека Реал има некоја предност, особено поради силната желба на Зинедин Зидан за да го види во својот тим. Според извештаите во медиумите, сепак, Погба го сменил своето мислење и сака да се врати кај „црно-белите“. Претходно, имаше дури и информации дека играчот веќе се сретнал со новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари, за да побара трансфер.

Торино, 25 јуни 2019 (МИА) – Французинот Пол Погба е категоричен во својата намера да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето. Досега, големото прашање е кој ќе биде неговиот нов тим, откако два се најголемите фаворити – Јувентус и Реал Мадрид.

До пред неколку недели се веруваше дека Реал има некоја предност, особено поради силната желба на Зинедин Зидан за да го види во својот тим. Според извештаите во медиумите, сепак, Погба го сменил своето мислење и сака да се врати кај „црно-белите“. Претходно, имаше дури и информации дека играчот веќе се сретнал со новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари, за да побара трансфер.

Шпански „АС“ вели дека една од главните причини е дека халфот сака да игра со Кристијано Роналдо. Погба покажа силни настапи со тимот на Јувентус, пред повторно да се врати на „Олд Трафорд“.

Во Реал пак веќе потрошија повеќе од 300 милиони евра за трансфери и тешко можат да потрошат уште многу.вз

Таг
Back to top button
Close