Дописници МКДОпштински вести

Општинска поддршка за проектот „Дом за Ром“ на организацијата „Ромско јато“-Битола

Општина Битола го поддржа проектот „Дом за Ром“ што ќе го имплементира здружението на граѓани „Ромско јато“ од овој град.

Битола, 5 јуни 2019 (МИА) – Општина Битола го поддржа проектот „Дом за Ром“ што ќе го имплементира здружението на граѓани „Ромско јато“ од овој град.

Од Општина Битола информираат дека поддршката е зајакната со  Меморандум за соработка кој го потпишаа градоначалникот Наташа Петровска и Алмира Рустемовска, претседател на здружението „Ромско јато“.

Во рамки на проектот „Дом за Ром“, кој во наредните месеци ќе биде имплементиран од страна на здруженито „Ромско јато“, ќе биде обезбедена взаемна соработка, разбирање и преземање на координирани активности од двете страни, потписнички на меморандумот, информираат од тамошната локална самоуправа.мт/са/

Back to top button
Close