Верски календар

Од верските календари

27 јуни 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јуни. Денеска е Св. пророк Елисеј.

27 јуни 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јуни.

Денеска е Св. пророк Елисеј.

Пророк Елисеј живееше 900 години пред Христа. Му беше современик и сопатник на големиот пророк Илија. Всушност, тој ја продолжи неговата служба. На свети Илија во староста му беше откриено дека ќе го замени овој маж од градот Авелмаул. Тој му го остави својот плашт и жезлото, а Господ на Елисеј му даде поголема сила од онаа што ја имаше Илија. Се претстави пред Бога во длабока старост.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Кирил Александриски.

Бил роден во 370 година. Тој е последен претставник на александриската школа и грчко-христијанската книжевност во Египет. На Ефескиот сабор во 431 година се борел за правоверството и честа на Богородица Марија против херетичарот Несториј. Во 412 година станал александриски патријарх.

###

Back to top button
Close