Верски календар

Од верските календари

18 јуни 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај. Денеска е Духовден - Слегување на Духот Свети (Трет ден).

18 јуни 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај.

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Трет ден).

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марко и Марчелијан.

Во проповедуваwата се вели дека тие биле браќа. Префектот Кромациј ги затворил и ги предал на судот. Од нив се барало да се откажат од христијанската вера. Свети Марко и Марчелијан не се откажувале од верата и биле измачувани за време на прогонствата на царот Диоклецијан.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close