Верски календар

Од верските календари

16 јуни 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 мај. Денеска е Духовден - Слегуваwе на Духот Свети (Прв ден).

16 јуни 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 мај.

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Прв ден).

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Лутгарта Брабантска.

Била родена во Тонгрес, во 1182 година. Стапила во манастирот на сестрите бенедиктинки. Многу ги почитувала душите во чистилиштето и според нивниот заговор измолила некои чудесни оздравувања. Последните 11 години од животот била слепа, но и тогаш имала силно влијание врз луѓето. Света Лутгарта Брабантска умрела во 1888 година.

###

Back to top button
Close