Дописници МКДОпштински вести

Нова улица во Марвинци

 Почнаа градежните активности за асфалтирање на улицата во Горна маала, село Марвинци, соопшти денеска градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Гевгелија, 5 јуни 2019 (МИА) – Почнаа градежните активности за асфалтирање на улицата во Горна маала, село Марвинци, соопшти денеска градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Според Костадинов, кој ја најави изградбата пред неколку месеци, улицата со должина од 570 метри беше издвоена како најкритична и приоритетна зашто при обилни врнежи од неа се излеваа вода и песок на регионалниот пат Валандово-Гевгелија и го отежнуваа одвивањето на сообраќајот.

Според планот, 325 метри од улицата ќе се градат со широчина од четири метри, а останатите 245 метри ќе имаат широчина од 3,5 метри.

Проектот кој предвидува со асфалтна маса да бидат покриени 2.042 метри квадратни, ќе чини околу 2,3 милиони денари. им/мч/

Back to top button
Close