ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 05.06.2019 година во 15.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска,

Скопје, 6 јуни 2019 (МИА) – На 05.06.2019 година во 15.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско. Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5 литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2019 година во 16.55 часот на локалниот пат за село Сараќино, тетовско, после мостот на реката Пена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 307“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(42) од село Сараќино и патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од село Бојане, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и со друго возило бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. ев/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close