ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ф.(35) и Р.И.(38), двајцата од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“.

Скопје, 4 јуни 2019  (МИА)Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ф.(35) и Р.И.(38), двајцата од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“. Имено во периодот од 22.12.2017 година до 17.04.2019 година на подрачјето на Гостивар, во куќи, патнички возила и стоматолошка ординација, пријавените, со употреба на физичка сила делувале на влезните врати, додека во патничките возила со кршење на стакло, по што влегувале внатре и одзеле пари, електрични апарати, компјутери, електрични машини за работа и алат, со што се стекнале со противправна имотна корист од 797.900 денари.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против Ј.П (23) од Куманово, поради постоење сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ чл.215 ст.1 од КЗ на РСМ. На 31.03.2019 година, околу 00,45 часот, на ул.15-ти Мај во Куманово, од страна на полициски службеници кај Ј.П. е пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово на 30 минатиот месец до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против С.С (64) од Џ.Н(41) од село Слупчане во општина Липково, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 ст.1 в.в. ст.3 и 5 в.в. чл,45 и против Е.А(35) и А.Б(43) од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Фалсификување или уништување на деловни книги“ чл.280 ст.2 ситеод КЗ на РСМ.

Имено, Џ.Н како службено лице – директор на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово со помош на С.С. како претседател на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“- Куманово на седницата одржана на 13.07.2015 година, на дневниот ред, под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата и му дал уверување дека истата е неопходна за почеток на формирање на систем- програма за плати што е неопходно за нормално функционирање на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто. По ова С.С. на дневен ред под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата за која бил должен да знае дека е спротивна на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година и излегува надвор од негови овластувања. Со горенаведените дејанија С.С и Џ.Н им овозможиле на вработените во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток“ во период од август 2015 до мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134,00 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 4.379.062 денари. Е.А. и А.Б иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот „работни задачи“, под точка „Чување и надзор на документите во работните простории“, на точно неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент.

Во Полицијата вчера во 10:55 часот било пријавено дека во Куманово на булевар „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(39) од Куманово, и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ј.Т.(57) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

На 03.06.2019 година во 11,20 часот

Во Полициската станица Центар  вчера во 11:20 часот Т.Б.(74) од Скопје, пријавил дека на плоштад Македонија бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Во Полициската станица Центар  вчера во 15:30 Т.Ѓ.(32) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12:30 часот на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.лв/

Back to top button
Close