МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

14:30/26 јуни 2019

14:30/26 јуни 2019

– Министерството за економија има рок од седум дена да ја испита правната исполнетост на барањето на „Еуромакс ресурсис“ ДОО Скопје за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот Иловица во општините Босилово и Ново Село, рече денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, соопштувајќи ја одлуката што беше донесена на вчерашната 141. седница.

– Во живописниот амбиент на селото Лесново и Лесновскиот манастир во Општина Пробиштип почна Лесновска ликовна колонија. Марија Митева од кабинетот на градоначалникот на општината информира дека во наредните денови, па се до 29 јуни ликовните уметници ќе творат во овој убав предел.

– На граничниот премин Стар Дојран денеска промовираме уште една наша информативна акција со порака до сите учесници во сообраќајот: „Те чекаме дома. Не брзај!“. Нашата интенција е да им укажеме на учесниците во сообраќајот, особено сега кога во летните периоди традиционално се зголемува фреквентноста на сообраќајот, дека за безбедното патување е примарно почитувањето на сообраќајните правила и прописи, рече министерот Оливер Спасовски на промоцијата на уште една во низата кампањи на МВР за побезбеден сообраќај.

– Законодавната парламентарна комисија одлучи да му предложи на албанскиот Парламент формирање анкетна комисија која треба да испита дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори.

– Западна и Централна Европа ги зафати топлотен бран поради кој властите на сојузната германска покраина Саксонија-Анхалт воведоа привремено ограничување на брзината на возење на одделни делови од автопатот од претпазливост поради евентуални оштетувања што можат да настанат од високи температури.

– Американскиот Конгрес смета дека земјата е ставена пред големи ризици поради растечкиот државен долг во услови на висок дефицит на буџетот кој годинава може да достигне 100.000 милијарди долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

 

Back to top button
Close