МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

9:30/19 јуни 2019

9:30/19 јуни 2019

– Северна Македонија стигна подалеку отколку што можеше да се претпостави пред неколку години и сега е време да се наградат напорите на државата. Дискусиите за датумот за преговори продолжуваат, а неколку месеци нема да направат голема разлика за граѓаните на Северна Македонија. Оваа година мора да го донесе заслужениот успех за отворање ново поглавје во односите на земјата со Унијата. Ова го порача шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак и актуелен претседавач на ОБСЕ во екслузивното интервју за МИА, кое го даде еден ден пред официјалниот дел од неговата посета на земјава.

– Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе учествува на јавна дискусија за Нацрт-законите за основното образование и за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ќе се одржи во мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.

– Советот не само што го поздравува Договорот од Преспа, туку ја истакнува и важноста на неговото спроведување, а со тоа ЕУ добива улога во следењето на верната имплементација, коментираат грчки владини извори за вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во однос на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ден посветен на високотехнолошките придобивки и француската умешност во областа на патната инфраструктура организираат Амбасадата на Франција и Јавното претпријатие за државни патишта.

– Јапонскиот Парламент денеска усвои закон, со кој им се забранува на родителите и другите старатели да применуваат физичко казнување врз децата.

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави оти не верува дека поранешниот египетски претседател Мохамед Морси починал од природна смрт.

– Поранешниот шеф на британската дипломатија и некогашен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон освои вчера најмногу гласови во вториот круг од изборите за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Британија.

– Претседателот на САД Доналд Трамп го продолжи важењето на зголемениот степен на предупредување во врска со земјите од Западен Балкан, кое е во сила од 2001 година.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close