МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

9:30/17 јуни 2019

9:30/17 јуни 2019

– Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика земјите членки на ЕУ да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побргу.

– Федерика Могерини утрово од Луксембург ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Албанскиот премиер Еди Рама на изборен митинг во Пустец рече дека неговиот добар пријател, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендароски, е целосна спротивност од неговиот албански колега Илир Мета.

– Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје денеска ќе ги презентира резултатите од истражувањето Студија за млади на Северна Македонија 2018/19.

– Министерството за правда со поддршка од Американската амбасада денеска во Скопје организира конференција на тема „Право на независен и непристрасен суд – Автоматска распределба на предметите – АКМИС систем, Закон за управување и движење на предметите“.

– Од денеска треба да почне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK.

– Застапеноста на пластичниот отпад на дното на Јадранското море е речиси најголема во Европа, по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското море.

– Хрватска планира во наредните неколку години да направи автопат за велосипеди во должина од 121 километар покрај реката Сава.

– Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтер го погоди источниот дел на Индонезија, соопшти Европската агенција за набљудување.

– Иран денеска ќе објави нови чекори кои се однесуваат на помало почитување на нуклеарниот договор, кој САД го напуштија минатата година, објавија ирански медиуми.

– Генералниот директор на Боинг, Денис Муленбург призна дека компанијата направила „грешка“ при ракување со проблематичниот систем за предупредување во пилотската кабина на авионот „737 Макс“, пред падот на два такви модела, при што загинаа 346 лица.

Back to top button
Close