МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/26 јуни 2019

14:30/26 јуни 2019

Росоман – Од осамостојувањето на државата до денес има проблем со пласман на праски, реагираат овоштари на кванташкиот пазар во Росоман.

Штип – Во живописниот амбиент на селото Лесново и Лесновскиот манастир во Општина Пробиштип почна Лесновска ликовна колонија. Марија Митева од кабинетот на градоначалникот на општината информира дека во наредните денови, па се до 29 јуни ликовните уметници ќе творат во овој убав предел.

Штип – Почна изградбата на две станбени згради за лица со социјален ризик во Општина Пробиштип. Градежната механизација е веќе на терен и го расчистува просторот.

Дебар – Во трите средни општински училишта, колку што функцонираат во поширокиот дебарски регион, по второто пријавување во прва година, пополнети се само 67 од предвидените 544 ученички места.

Кочани – Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани ќе добие уште еден нов објект за згрижување на најмладите од предучилишна возраст, а за што локалната самоуправа веќе добила известување дека е одобрен грант од Министерството за труд и социјална политика.

Скопје – Општина Центар информира дека, за неполн месец откако е најавен проектот „Цел Центар на две тркала“, 175 жители на општината веќе аплицирале и ги искористиле субвенциите за купување на велосипед. Со тоа, квотата за субвенционирање на велосипеди е веќе исполнета, но остануваат средства за субвенционирање на електрични тротинети.

Делчево – По пауза од десет години, жена пензионер повторно ја доби довербата да раководи со здружението на старосни, семејни и инвалидски пензионери во Делчево. Голубинка Анастасовска, која доаѓа на местото на поранешниот претседател Моне Ѓорѓиевски, вели дека главен фокус на нејзината работа во моментот е измената на статутот на здружението, активност за која постапката е во финална фаза.

Кочани – Локалната самоуправа на Кочани започна постапка за изработка на стручна анализа за квалитетот на животната средина, за што од општинскиот буџет ќе потроши околу 250 илјади денари.

 

Back to top button
Close