Најава на настани

МИА Најави – МКД

21 јуни 2019

21 јуни 2019 

Скопје – Премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метеорологија Мерита Мустафаи и директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски ќе присуствуваат на промоцијата на мобилната лабораторија за испитување на хемиски вредности и физички константи на јаглеводороди и 13-те возила за борба против сивата економија. (паркинг на Бирото за метеорологоја, изјава за медиуми на премиерот Заев/14:00)

Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев и потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (International Finance Corporation-IFC) задолжена за Јужна Америка и Карибите, Европа и Централна Азија Георгина Бејкер,ќе потпишат договор за соработка за ХЕЦ Чебрен.(Медија центар на Владата на Република Северна Македонија/10:30)

Скопје – Прес-конференција на која потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер ќе ја презентира четиригодишната Стратегија за партнерство со Република Северна Македонија, а ќе биде потпишан и Меморандум за разбирање со Меѓународната финансиска корпорација IFC и со SECO, за развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа. (Министерство за финансии/12:45 часот, новинарските екипи да пристигнат до 12:40)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на отворањето на Полициското одделение од општа надлежност во општина Шуто Оризари, а потоа ќе има средба и со раководството на локалната самоуправа. (11:00)

Скопје – Министерот за образование и наука, Арбер Адеми продолжува со Јавна дискусија поврзана со Нацрт-законот за основното образование и Нацрт-законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. (Клуб на пратеници/10:00-12:00)

–  дебата и во Општина Тетово. (сала на општинскиот Совет/14:30-16:30)

Скопје – Министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе учествува на свеченото отварање на спортската сала во ООУ “Рајко Жинзифов” во општина Кисела Вода. (населба Драчево/12:30)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ќе се обрати на Националната конференција „Иницијатива за социјална димензија“ (SDI) за Западен Балкан на тема „Никој не е изоставен во процесот на ЕУ интеграции“. (Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија/10:30)

Скопје – Состанок на Конституенцата на ММФ и Светска банка во Скопје.

Скопје – Потпишување на Протокол за соработка меѓу Државниот архив на Република Северна Македонија и Дирекцијата на државните архиви при Претседателството на Република Турција.

Скопје – Дебата на тема: „Граѓанското општество против организираниот криминал во Западен Балкан“, на кој ќе се обрати Џовани Кеслер, поранешен директор на ОЛАФ до 2018, поранешен обвинител на Италија. (х. „Континентал“/9:30-11:30, изјави за медиуми пред почеток на дебатата)

Скопје – Подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна  Македонија (РКЕ) на тема: „Предлог- правила за изменување и дополнување на правилата за снабдување со електрична енергија. (изјава за медиумите ќе даде Марко Бислимовски, претседател на РКЕ во просториите на РКЕ/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Здружението на лица со спинална мускулна атрофија – СТОП СМА на тема: „Необезбеденa терапија Спинраза за пациентите со СМА“.  (х. „Карпош“/10:30)

Скопје – Kонференција „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“ во рамките на проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници” кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. (ТЦЦ „Гранд Плаза“/11:00, изјава за медиумите пред почетокот на настанот/10:45-11:00)

Скопје – Независниот академски синдикат (НАкС) и Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе одржат презентација на резултатите од истражувањето спроведено во рамките на проектот „Универзитетската автономијата во македонското високо образование: Статус и перцепции“. (кино „Култура“/11:00)

Тетово – Прес-конфернеција на Алијансата за Албанците. (во седиштето/12:00)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов по повод претстојните два концерти обединети под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“. (бифе на Филхармонија/11:30)

Скопје – Изложба на фотографии и плакати „40 години Скопско лето“, автори Александар Кондев и м-р Елизабета Кузмановска. (Музеј на град Скопје/20:00)

Скопје – Гала оперски концерт на Националната опера и балет. (Плоштад „Мајка Тереза“, плато пред Национална Опера и Балет/21:00)

Скопје – Проекција на филмот „Не е виновно детето“ во рамките на Денови на Современ Мексикански филм. (Кинотека/20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Ќедер“ од Јорданка Белева во македонско издание на Блесок.  (во Мобилна/монтажна галерија, сместена во Паркот на франкофоните/20:00)

Крушево – Започнува еколошкиот outdoor festival „When in Krusevo“.

Скопје – Тимот на MS3 Lab, поддржани од Македонско Американската Алумни Асоцијација организира заедничко попладневно дружење, исполнето со технологија, игри и тестирање на „cool” производи дизајнирани од тимот. (во дворот на Машинскиот факултет во Скопје/18:00-20:00)

_____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close