МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10:00/20 јуни 2019

10:00/20 јуни 2019

Вашингтон – Пет водителки во САД поднесоа тужба против локалната телевизиска мрежа „Њујорк 1“ тврдејќи дека се маргинализирани во корист на младите новинарки и машки колеги, тврдејќи дека повозрасните жени се изложени на долготрајна дискриминација.

Белград – Српскиот претсетдаел Александар Вучиќ изјави денeска дека со 99 отсто сигурност може да каже дека состанок во Париз нема да се одржи.

Скопје – „Дали и ти си мигрант?” е насловена изложбата на Дарко Талески која ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Авторот Талески ја пренесува приказната на пет локални прилепски уметници поврзани со темата миграција.

Скопје – Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента, информира АМСМ.

Вашингтон – Федералните резерви на САД сигнализираа за намалување на каматните стапки во јули, со образложение дека се подготвени да се борат против растечките глобални и домашни економски ризици.

Џакарта – Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтер синоќа ја погоди Индонезија, соопшти американскиот Геолошки институт.

Пекинг – Поранешниот шеф на Интерпол, Менг Хонгвеј, денеска се изјасни за виновен за прифаќање 14,5 милиони јуани (2,1 милиони американски долари) за мито, додека му се суди во Кина, објавија државните медиуми.

Подгорица – Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора е одлучна да го реши прашањето со црквата и имотот на верските организации во таа држава со закон со кој отвори судир со СПЦ, но и дека ќе ги брани бескомпроимисно своите интереси.

Берлин – За жителите на северната хемисфера на Земјата, летото оваа година почнува утре, во 17 часот и 54 минути.

Скопје – Тридневен хакатон за заедничко креативно и техничко подготвување едукативни игри, материјали и содржини за деца од три до десет години ќе се одржи од 18 до 20 јули во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Скопје – Во градинката „Снежана“, објект „Снегулко“ во Топанско Поле, денеска ќе биде отворен дефектолошки кабинет за деца со посебни потреби.

Скопје – Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и баскеркараван“ ќе се одржува од денеска до 22 јуни од 18.30 до 23 часот на градскиот плоштад и ул. „Македонија“.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close