МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10:00/12 јуни 2019

10:00/12 јуни 2019

Приштина – Со низа свечености, на кои покрај државниот врв ќе присуствуваат и високи гости од странство, Косово денеска ја одбележува 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во земјата, со што беше ставен крај на војната од 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Монтгомери – Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, потпиша закон со кој се воведува задолжителна хемиска кастрација за оние кои силувале девојки или момчиња на возраст под 13 години.

Лондон – Велика Британија е на прво место во Европа според бројни технолошки компании чија вредност е повеќе од милијарда долари, според анкетата на британската влада во момент кога се оджува „Лондонската недела на техниката”, објавија британските медиуми.

Скопје – Сончево и топло време со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува уште денеска. Веќе од утре, синоптичарите најавуваат топло и стабилно време со максимални температури над 35-тиот степен.

Лос Анџелес – Според списанието „Максим“, најсексапилна жена на светот за 2019 година е манекенката Оливија Кулпо. Таа е на самиот врв на листата „Хот 100“ на бројот за јули-август.

Њујорк – ФБИ објави досие за основачот и главен и одговорен уредник на „Плејбој”, Хју Хефнер, две години по смртта на легендарниот издавач, една од многуте познати личности за кои агенцијата има истрага во текот на годините, и датотеки од јавен интерес за новинари, обожаватели и истражувачи.

Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп ги информираше лидерите на Сенатот и на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за антитерористичните операции против ИД, Ал Каеда и талибанците, што се вршат од американските сили зад граница.

Скопје – Загинат возач, тешко повреден пешак и девет полесно повредени, е билансот од двете од вкупно 16 евидентирани сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа во Скопје.

 

Back to top button
Close