0_Спорт.ПорталSport.SlajderСпортТенис

Барти со својот прв Гренд слем влезе во историјата

Австралијката Ешли Барти е победничка на годинешното отворено француско првенство Роланд Гарос.

Париз, 8 јуни 2019 (МИА) – Австралијката Ешли Барти е победничка на годинешното отворено француско првенство Роланд Гарос.

Осмата носителка на финалето ја порази чешката тенисерка  Маркета Вондрушова со два нула во сетови, односно 6:1 и 6:3 во гемови, со што ја потврди улогата на фаворит.

За Барти ова е прва Гранд слем титула со што се запиша во историјата на овој спорт, а воедно е и прва Австралијка после 46 години што го освоила Роланд Гарос.

„Толку сум горда на себе и мојот тим, ова беа две луди недели. Ова е неверојатно“, порача Барти.

Инаку, Барти е четвртата Австралијка која славела во Париз, покрај петкратната победничка Маргарет Коурт, Лесли Боври и Евон Гулагонг. ем/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close